сејаден | прид.
Што јаде секаква храна. Свињата е сејадно животно.
сејанина | ж.
Тоа што се сее, семе, жито за сеење; тоа што е посеано.
сејач | м.
Лице што сее семе, што ја засева земјата.
сејачки | прид.
Што се однесува на сејач.
сејмен | м.
Војник во јаничарската пешадија во војската на Турското Царство.
Сејшели | и.
Островска држава во Индискиот Океан, североисточно од Мадагаскар.
Сејшелски Острови | и.
сеќава (се) | несв.
сеќава се | несв.
сеџаде | ср.
Мала простирка, килимче за клањање при молитва кај муслиманите.