салонит | м.
Вид градежен материјал од цемент и азбест кој се користи за изработка на цевки и покривни плочи.
салонитски | прид.
Што е направено од салонит. Салонитски водоводни цевки. Покрив од салонитски плочи.
салонка | ж.
Вид елегантни чевли со потпетици наменети за свечени пригоди.
салонски | прид.
Што се однесува на салон. Салонски цвеќиња.
салтамарка | ж.
Вид краток капут, обично од чоја или кадифе, со кратки ракави до над лактите. Чоена салтамарка.
салтанат | м.
Сјај, раскош; луксуз. Пречекот беше со сите салтанати. Тој беше познат во градот по своите салтанати.
салтанатлија | прид.
Тој што сака сјај, раскош, луксуз. Сватовите беа салтанатлии.
салтар | м.
Широк, плиток сад од бакар или од бронза.
салте | прил.
салто | ср.
(спорт.) Скок во воздух со превртување на телото преку главата.