салтомортале | ср.

Акробатски скок опасен по животот. Младиот циркуски акробат изведе салтомортале.

салут | м.

Свечен војнички поздрав со стрелба. Гардата го пречека високиот гостин со салут.

салутира | св. и несв.

Поздрави, поздравува со салут. Војниците му салутираа на својот командант.

салфета | ж.

Крпа од ткаенина или од хартија што се употребува за бришење на устата и рацете или за заштита на облеката при јадење.

салца | ж.

Сос, пире од домати. Домашна салца.

Салцбург | м.

Град во Австрија.

салце | ср.

салџија | м.

Тој што прави или вози салови. Салџијата пловеше по реката.

сам | м.

Средство за штавење козји кожи при обработката.

сам | зам. прид.

Што го врши глаголското дејство како единка, лично, без други. Сам го одржува зеленилото. Често си шеташе сам. Сам остана во собата.