сигурносен | прид.

Што служи за секоја сигурност, при опасност, ризична работа, дефект и сл. Сигурносни ремени. Сигурносни вентили.

сигурност | ж.

Состојба на тоа што е сигурно, безбедно. Настапуваше со голема сигурност. Тој се грижи за сигурноста на семејството.

сида | ж.

Тешка, заразна болест што го онеспособува природниот имунолошки систем на организмот и доведува до смрт.

Сиднеј | м.

Град во Австралија.

Сидон | м.

Град во Либан.

сидри | несв.

Фрла, спушта сидро од брод, пловен објект за да се држи, да стои на едно место. Тука ги сидрат бродовите.

сидриште | ср.

Место каде што се сидрат пловни објекти.

сидро | ср.

Тешка железна направа за врзување на пловни објекти; котва.

Сиера Леоне | ж.

Држава во Африка.

сиже | м.

Основна содржина, предмет, тема на едно уметничко дело. Сиже на роман. Развојот на сижето се движи од приказна до легенда. Историските песни за сиже имаат конкретни историски настани. Сижето на најновито дело на авторот