силаба | ж.
Слог во зборот.
силабизација | ж.
Систем на ритмичко мерење според бројот на слоговите во стихот; силабичност.
силабика | ж.
силабичен | прид.
Што е изграден од слободно определено количество слогови; што се однесува на слог.
силабички | прид.
силабичност | ж.
Својство на силабичен стих.
силав | м.
Кожен појас за пари или за оружје.
силажа | ж.
Конзервирање крма од надземните органи на растенијата во специјални јами или силоси.
силажира | св. и несв.
Приготви, приготвува силажа.
силач | м.
Коледарче, обично водачот на коледарската дружина што сили и благословува во куќата каде што влегле коледарите.