силен | прид.
За човек, животно ‒ што се одликува со голема физичка сила, добро развиен, здрав, јак. Силен човек. Силни волови.
силеџиски | прид.
Што се однесува на силеџија. Силеџиско однесување.
силеџиство | ср.
Својство на силеџија. Испарила неговата храброст и силеџиството.
силеџија | м.
Лице што прави насилија, насилник.
сили | несв.
Тера со сила некого да направи нешто или да постапува на одреден начин. Другите деца го силеа момчето да се тепа. Родителите го силеа да се жени, но тој размислуваше. Силачот ги силеше коледарчињата да пеат коледарски песни и да благословуваат.
силикат | м.
Општ назив за минерали и хемиски соединенија што содржат силициум.
силикатен | прид.
Што се однесува на силикати, што содржи силикати. Силикатен раствор. Силикатни бои.
силикоза | ж.
Професионална белодробна болест што настанува со вдишување на силикатна прашина, карактеристична за некои занимања: рудари, каменоресци, точачи и др.
силикон | м.
(хем.) Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др.
силина 1 | ж.
Сила, јачина; жестокост. Од силината на земјотресот испукаа ѕидовите на неколку постари куќи. Силината на ударот била многу голема. Од силината на ветрот гранките на јаболкницата се веднеа доземи. Ги потера коњите со сета силина.