силира | св. и несв.

силициум | м.

Хемиски елемент што влегува во составот на многу минерали: кварц, песок и др.; Si.

силициумов | прид.

Што се однесува на силициум.

силник | м.

Лице што прави насилија, што настапува насилно и самоволно во работата. Селаните се спротивставија и ги истераа силниците. Настрада од локалните силници. Силници на власта. Многу силници поминале низ овие краишта.

силнички | прид.

Што се однесува на силник. Силничка дружина.

силништво | ср.

Својство и пројава на силник. Ги издржа сите силништва и гнет. Живееше од силништво над кутрото незаштитено население.

силовит | прид.

силогизам | м.

Посреден дедуктивен заклучок во кој од вистинитоста на два суда ‒ премиси, се изведува вистинитоста на трет суд ‒ конклузија.

силокомбајн | м.

Комбајн за подготвување силажа.