силокула | ж.
силомер | м.
Уред за мерење на физичката сила.
силос | м.
Голем склад за чување жито и сточна храна; силокула.
силојама | ж.
Јама во која се подготвува силажа.
силува | несв.
Врши обљуба на сила.
силувач | м.
Лице што врши обљуба на сила.
силуета | ж.
Еднобојна контура на објект или на живо суштество, обично изрежан од хартија или нешто слично. Сценографијата се состоеше од неколку силуети на куќи и ограда од железо. Силуетата на камбанаријата се оцртуваше јасно.
силум | прил.
Со сила, насилно. Силум ја омажи за постаро момче што не го сакаше. Оддома силум го доведоа во училиштето.
сима | ж.
Физиономија, форма, облик. Лицето ѝ беше млечно бело, а симата црномурна, зашто косата го пренесува своето црнило и врз целиот нејзин изглед.
симбиоза | ж.
Биолошка рамнотежа, сожителство на два независни биолошки системи од кои функционирањето на едниот е претпоставка за другиот живот и обратно. Карактеристичен пример за симбиоза е лишајот, заедница меѓу алга и габа. Симбиозата на животно со животно е честа меѓу морските безрбетници.