симбол | м.

Сетилно восприемлив објект, писмен или звучен знак со кој конвенционално се означува некој поим, предмет или појава. Гулабот е симбол на мирот. Црвената боја е симбол на револуционерната борба. Соколот е симбол на смелоста, брзината, слободниот лет, а гавранот на злото. Јагнето е симбол на чистотата, на невиноста.

симболизам | м.

Изразување со помош на симболи; симболика.

симболизација | ж.

Прикажување со симболи некоја идеја, предмет, настан.

симболизира | св. и несв.

Прикаже, прикажува со симбол идеја, предмет, настан. Сечењето на борот симболизира скромно дарување на Божицата. Овенот кај голем број народи го симболизира светиот пламен и машката психофизичка моќ.

симболика | ж.

Претставување на идеи, поими или чувства со симболи.

симболист | м.

Приврзаник на симболизмот.

симболистички | прид.

Што се однесува на симболизам и на симболист. Симболистичка поезија. Симболистички атрибути.

симболичен | прид.

Што е симбол, што симболизира нешто. Симболично значење. Симболичен подарок. Симболична помош. Симболична цена.

символ | м.

Симбол. Символ на верата.