сингуларен | прид.
Што се однесува на сингулар, еднински. Сингуларни форми.
синдикален | прид.
Што припаѓа, што се однесува на синдикат. Синдикален лидер. Синдикална книшка. Синдикално движење. Синдикален дом. Синдикален весник.
синдикалец | м.
Член на синдикат.
синдикализам | м.
Синдикално движење, движење, севкупна теориска и практична дејност на синдикатите.
синдикалист | м.
Приврзаник на синдикално движење.
синдикалистички | прид.
Што се однесува на синдикалист и на синдикали Синдикалистичка струја.
синдикат | м.
Здружение на работниците од определена професија или од повеќе стопански и нестопански гранки која се бори за остварување, одбрана и унапредување на економските, социјалните, политичките и други нивни интереси и права. Синдикат на работниците од образованието, науката и културата.
синдилија | ж.
Пропаст, крај на светот.
синдрак | м.
Пејор. од син. Синдраци мајчини. Ќе дојде и тој, синдрак мајчин.
синдром | м.
(мед.) Комплекс од симптоми карактеристични за некоја болест.