синеаст | м.
Лице што се занимава со кинематографија, специјалист за филм.
синеастички | прид.
Што се однесува на филмската уметност или на филмската индустрија.
синевина | ж.
Јасна сина боја, боја на сино небо, сино море и сл. Небесна синевина. Морска синевина. Балонот полека се креваше кон синевината. Блеснува синевината над езерото.
синевица | ж.
синевина.
синегдоха | ж.
Појава во семантиката и стилска фигура во поетиката, во која целината е претставена со еден свој дел, потесен наместо поширок поим (огниште наместо дом.).
синее | несв.
Се покажува, се изделува со својата сина боја. Езерото синееше пред погледот на момчето. Меѓу гранките небото благо синееше. Далеку синееја планините.
синекура | ж.
Работно место што не бара многу труд, а е добро платено, приход што се добива без да се заслужи.
синекурен | прид.
Што се однесува на синекура. Синекурна должност.
синемаскоп | м.
Техничка постапка што овозможува на обична филмска лента да се сними многу поширок филмски простор.
синикав | прид.