симфонија | ж.

(муз.) Големо музичко дело за оркестар што се состои од повеќе делови. Петтата симфонија од Бетовен.

син | прид.

Што има една од основните бои на спектарот, боја на ведро небо. Сини очи. Сино небо. Син фустан. Сина капа.

син | м.

Машко дете во однос на своите родители. Имаше два сина. Вонбрачен син. Еден од синовите отиде на туѓина. Постар син. Единец син.

синагога | ж.

Молитвен дом, храм на еврејските верници.

синап | м.

Растение со ситни жолти цветови; Sinapis arvensis.

синапов | прид.

Што се однесува на синап, што е од синап. Синапово зрно.

Синај | м.

Полуостров во Египет.

Сингапур | м.

Град држава во Азија.

сингл | м.

Во спортот ‒ тенис и пинг-понг ‒ игра во која настапува само по еден натпреварувач од обете страни.