синило | ср.
Модра, сина површина; модрина 2. Небесно синило. Морското синило.
синина | ж.
Попладневна синина.
сининка | ж.
синија | ж.
Ниска тркалезна маса за јадење; софра, трпеза. Старата ја поставува големата синија да вечераат.
синкав | прид.
Што има боја блиска до сината. Синкавиот чад од цигарата се извиваше во собата. Синкава светлина. Синкава магла. Синкаво пламенче. Синкав облак.
синко | ср.
Само во обраќање. Подај ми, синко, една чаша вода.
синкопа | ж.
(муз.) Сврзување на втората половина на еден такт во еден тон со првата половина на следниот такт.
синкретизам | м.
Соединување на идеи, верувања, религии од различно потекло и сл. Синкретизам во фолклорот на балканските народи.
синкретичен | прид.
Што се однесува на синкрети Синкретичен карактер на фолклорот. Синкретичен облик на лирско-епскиот начин на пеење.
сино- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: