синов | прид.

Што се однесува на син, што му припаѓа на син. Синова куќа.

синовски | прид.

Што се однесува на син, што е својствен на син. Синовска љубов. Синовска приврзаност. Синовска почит.

синод | м.

(црков.) Највисок орган во православната црква. Синод на Македонската православна црква.

синодален | прид.

Што се однесува на синод. Синодален хор. Синодална библиотека. Синодска печатница

сино-зелен | прид.

Што е со сино и со зелено.

синоличка | ж.

Планинска темјанушка; Viola.

синолог | м.

Специјалист по синологија.

синологија | ж.

Наука што го проучува кинескиот јазик, литература, историја, култура и сл.

синоним | м.

Збор различен од друг по звуков состав, но ист или многу близок со него по значење; (доктор ‒ лекар, љуби ‒ сака).

синонимен | прид.

Што се јавува како синоним. Синонимни форми. Синонимни парови.