синонимика | ж.

синонимија.

синонимија | ж.

Појава на истозначни зборови со различно звучење; појава на различни граматички средства со исто значење и сл. Лексичка синонимија. Синонимија меѓу инфинитивот и да-конструкциите. Граматичка синонимија. Синтаксичка синонимија.

синоок | прид.

Што е со сини очи. Синоока убавица. Синоок дојденец.

синопсис | м.

Општ осврт, поглед на целината, синтетички или шематски приказ на некој материјал, на некој предмет.

синоптик | м.

Авторите на првите три евангелија: Матеј, Марко и Лука.

синоптика | ж.

Гранка на метеорологијата што се занимава со прогнозирање на времето.

синоптичар | м.

Метеоролог што се занимава со прогнозирање на времето.

синоптички | прид.

Што ја дава основната слика на нешто; прегледен.

синор | м.

Меѓа меѓу две ниви, ливади и сл. Горницата изникнала на синорот меѓу двете ниви.