синорен | прид.
Што се однесува на синор
синорник | м.
Камен што ја одвојува една нива, ливада и сл. од друга; меѓник.
синост | ж.
Сина боја, синкава нијанса на нешто.
синотија | ж.
Сина боја, синкава нијанса на нешто, обично на големо пространство; синевина. Синотијата на езерото. Небесна синотија.
синоубиец | м.
Убиец на својот син. Тој е осуден како синоубиец.
синоубиство | ср.
Убиство на својот син. Тој е осуден за синоубиство.
сино-црвен | прид.
Што е со сино и со црвено.
синоќа | прил.
Вчеравечер, сношти. Синоќа врнеше дожд. Тој синоќа не бил дома. Заминал синоќа со вечерниот воз.
синоќен | прид.
Настан, нешто што се случило синоќа, вчеравечер. Синоќешната посета многу ми значи. Синоќешните натпревари во шах.
синтагма | ж.
Целосна синтаскичка смисловно-интонациска единица составена од два или повеќе збора (бистар ум, кристална чаша, скапоцен камен, нашите и вашите деца).