синтакса | ж.
(лингв.) а) Дел од граматиката што се занимава со строежот на реченицата и начините на поврзување на зборовите во реченицата. б) Граматички распоред на зборовите што ги покажува нивните врски и односи. в) Збир од правила за вакво редење.
синтаксичар | м.
Специјалист по синтакса, тој што се занимава со синтакса.
синтеза | ж.
Научен метод на проучување при кој одделните елементи на предметите и појавите се посматраат во нивните заемни врски и се поврзуваат во единствена целина; анализа. Синтеза на податоците добиени од терен.
синтетизира | св. и несв.
Изврши, врши синтеза, соедини, соединува, обопшти, обопштува. Наставникот ги синтетизира впечатоците од испитувањето. Романот синтетизира големи животни искуства.
синтетика | ж.
Материјал добиен по хемиски пат, не по природен пат, не од природата; вештачко, неприродно ‒ обично за текстил, храна, пијалаци и сл. Блузата не е памучна, чиста синтетика.
синтетичен | прид.
Што е заснован врз синтеза; аналитичен. Синтетичен метод.
синтисајзер | м.
Вид електричен музички инструмент со клавијатура што може да произведе широк дијапазон на звукови. Синтисајзерот дава неисцрпни можности за модификација на звукот, за постигање невиден звучен интензитет со симфониски размери.
синус | м.
(мат.) Една од тригонометриските функции на аголот.
синусен | прид.
Што се однесува на синус. Синусна функција. Синусно воспаление.
синусов | прид.
Што му припаѓа на синус