синчец | м.
Рано пролетно ливадско цвеќе со сини цветови; Centaurea cyanus.
синџав | м.
Пораб.
синџир | м.
Низа од метални алки наврени една во друга со различна намена; верига. Котлето беше обесено над огнот со синџир. Одеше со синџирот од џебниот саат на мевот. Синџирите за гумите на возилото се задолжителни во зимскиот период. Синџирот на велосипедот се скинал.
синџирест | прид.
Што личи на синџир, што е во форма на синџир.
синџирлија | прид.
Што личи на синџир, што е во форма на синџир.
синџирник | ж.
синџирџија | м.
Занетчија што изработува синџири.
сиот | зам.
Укажува на целокупноста на одделни предмети, лица, појави; што е без исклучок. На сите страни. Сите жени стоеја во ред. Сето поле беше прекриено со црвени булки. Сета дружина му ја избија.
сип | изв.
За имитирање на гласот, пеењето на сипката.
сип | м.
Возвишение во облик на купа настанато со таложење на материјал добиен со ронење на планински стрмнини.