сипа | ж.

Sepia officinalis.

сипаник | м.

Место каде што има сипови.

сипаница | ж.

Заразна болест со гнојници по телото кај човекот и животните. Мали сипаници. Големи сипаници. Децата мали прележаа сипаници.

сипаничав | прид.

Што е болен од сипаници. Сипаничави деца.

сипе 1 | св.

Налее, тури течност во нешто или врз нешто. Тој си сипа една чаша вода и ја испи одеднаш. Домаќинката им сипа врела чорба секому по една црпалка. Немој да му сипаш многу вода на цвеќето.

сипе 2 | несв.

Налева, тура течност во нешто или врз нешто. Домаќините сипеа вино во чашите. Тој си сипеше чаша вода.

сипка 1 | ж.

Гнојници по кожата поради болеста сипаница.

сипка 2 | ж.

Вид појна птица што оддава глас сип ‒ сип; Parus .

сипка 3 | ж.

Мочуришно или крајводно растение од кое се плетат кошници и сл.; Juncus.