ситничарски | прид.

Што се однесува на ситничар Ситничарска стока.

ситничарство | ср.

Занимавање со несуштествени, безначајни работи; ситничарење. Неговото ситничарство нема крај.

ситничок | прид.

Ми се гледа ситничок.

ситно | ср.

Нешто мало, ситнеж, ситнина. Ситни зрнца.

ситно- | претс.

Како прв дел од сложени зборови (именки и придавки) со значење:

ситнобуржоаски | прид.

Што се однесува на ситната буржоазија, што ги одразува интересите, идеологијата, сфаќањата на ситната буржоазија. Ситнобуржоаски елементи. Ситнобуржоаски сфаќања. Ситнобуржоаски морал.

ситноглав | прид.

Што е со ситна глава. Ситноглав и беззаб старец. Ситноглав човек со ретки мустаќи.

ситноглавец | м.

Тој што е со ситна глава.

ситногорица | ж.

Ситна, ниска шума. Ридот беше прекриен со ситногорица.

ситнозем | м.

Ситна земја во која преовладува песок, обично на површинскиот дел од почвата.