сити се | несв.
Се радува на туѓа штета или несреќа. Се ситат непријателите на нашата загуба. Му се сити на маката.
ситнак | м.
(бот.) Вид даб, благун; Quercus lanuginosa.
ситнеж | м.
Ситни работи, ситни нешта, ситни предмети. Јагнешка глава и ситнеж. Ситнежот од кокошката го стави во супата. По калапењето тутун, остана многу ситнеж.
ситни | несв.
Дели нешто на поситни парчиња, прави нешто да биде поситно. Тој ја ситнеше земјата, ја дробеше меѓу своите прсти. Родителите иако го ситнеа имотот, решија на секого да дадат по нешто.
ситнина | ж.
Ситни нешта, пари и други ситни предмети.
ситница 1 | ж.
Нешто мало по големина. На масата имаше многу ситници. На тезгите имаше разни ситници.
ситница 2 | ж.
Овошка со ситен плод, најчесто круша.
ситничав | прид.
Што е склон кон ситничарење. Ситничаво лицемерје. Таа е претпазлива, суетна и ситничава. Ситничава претпазливост.
ситничар | м.
Лице што продава ситни стоки, мал трговец, праматар. Без ситничарите не бива свадба: мониста, копчиња, игли од сè треба по малку.
ситничари | несв.
Внимава на ситни работи кои немаат суштествено значење. Тој секогаш ситничари. Тој ситничари и кога треба и кога не треба.