скалун | ж.
Страк праз.
скама | ж.
Пена од сапун, сапуница.
скаменет | прид.
Глаголска придавка од скамени.
скамени | св.
Претвори во камен. Боговите го скамениле грешникот.
скамејка | ж.
скамија | ж.
Стол, клупа, обично училишна. Седна на скамијата до вратата. Учителот поминува меѓу скамлиите
скандал | м.
Неприличен, непристоен, срамен случај, настан што добива широк глас и предизвикува негодување. Направи скандал од ништо. Предизвика скандал со своето нападно однесување. Тој се прочу по скандалите што го следеа на секој чекор.
скандализира | св. и несв.
Претвори, претвора некаков настан, случка во скандал. Медиумите го скандализираа обраќањето на претседателот.
скандалозен | прид.
Што предизвикува негодување, одвратен, срамен. Скандалозно однесување. Скандалозен напис. Скандалозна афера.
Скандинавија | ж.
Заедничко име за државите од Скандинавскиот Полуостров.