Скандинавски Полуостров | м.

Полуостров во Северна Европа.

скандира | несв.

Извикува громко и јасно зборови, пароли, име и сл. разделувајќи го на слогови. Насобраната маса го скандираше неговото име.

скап | прид.

Што чини многу пари, скапоцен; евтин. Скап прстен. Скапи чевли. Скапа свила.

скапан | прид.

Глаголска придавка од скапе.

скапаник | м.

Гнилеж.

скапаница | м.

Гнилост, гнилеж.

скапе (се) | св.

а) Се разложи, се распадне поради гниење; изгние. Крушите брзо скапаа. Рачката на лопатата се скапала. Сламата скапа на нивата, не ја собравме навреме. б) За метал ‒ 'рѓоса, се распадне, кородира. Каросеријата на нашиот стар автомобил веќе скапа. Олуците со текот на времето се скапаа.

скаперник | м.

Скржавец. Старецот е голем скаперник. Тие иако скаперници, ги отворија ќесињата.

скапец | м.

Брдо, рид меѓу две долини.