скала 2 | ж.
Голема камена маса; камена маса со еднородна структура; карпа. Од левата страна имаше огромен стар јавор, а под него скала.
скалапи | св.
Стави нешто во калап, во утврден образец, форма и сл.; вкалапи.
скалест 1 | прид.
Што е во вид на скала, што има изглед и структура на скала. Скалести полици. Скалеста пирамида.
скалест 2 | прид.
Место што е од камен, каменит, каменен. Скалесто место. Скалест пат. Низ проѕирната вода се гледаше скалестото корито на реката. Скалеста клисура.
скалило | ср.
Дел од скала1 на кој се гази. Искачи две-три скалила и седна да се одмори. Се качи на првото скалило. Мраморни скалила.
скалиште | ср.
Аугм. од скала1 кон зн.
скаловиден | прид.
Што е во форма на скала. Скаловидно патче.
скалп | м.
Кожата одрана од главата на непријателот заедно со косата како трофеј кај некои индијански племиња.
скалпел | м.
Вид хируршки нож, обично со сечило во вид на лак.
скалпира | св. и несв.
Извади скалп некому, симне, симнува скалп од некого.