Самоа | ж.

Островска држава и архипелаг на Тихиот Океан, дел од Полинезија.

самоанализа | ж.

Анализа на сопствената личност и сопствените постапки. Длабока самоанализа. Тој умееше да направи самоанализа и да се преиспита за секој свој потег.

самобендиса се | св.

Се бендиса самиот себеси.

самобендисан | прид.

Што претерано се бендисал самиот себе. Самобендисани уметници.

самобитен | прид.

Што е својствен, оригинален, што се одликува со самостоен развоен пат, што не се поведува по други. Самобитен развиток. Самобитна традиција. Самобитно народно творештво. Самобитни јазични обележја.

самобитност | ж.

Одлика на тој што е самобитен или на тоа што е самобитно. Национална самобитност. Творечка самобитност. Самобитност на македонскиот народ.

самовар | м.

Специјален метален сад за подготвување чај којшто во внатрешниот дел се загрева со јаглен или со електрична енергија. Врел самовар. Самоварот го наполнија со вода. Го вклучи самоварот.

самовила | ж.

Митолошко женско суштество, коешто според народното верување живее во шумите, во планините, покрај реките; вила 3. Горска самовила. Лична како самовила. Самовилите се чести ликови во епската поезија.

самовилски | прид.

Што се однесува како самовила. Самовилско оро. Самовилска убавина. Самовилски суштества.

самовласник | м.

Владетел со неограничена моќ; апсолутен владетел; самодржец.