самовласнички | прид.
Кој се однесува на самовласник; што има особини на самовласник. Самовласнички потези.
самовласт | ж.
Неограничена, апсолутна власт на едно лице или на еден систем на управување; самовластие. Таква самовласт народот не можеше да издржи.
самовластен | прид.
Што не е ограничен во својата власт; самодржавен. Самовластен господар.
самовластие | ср.
самоволен | прид.
Што работи, постапува според својата волја, без ограничување и без почитување на вообичаеното однесување. Самоволен сопственик. Самоволна младина.
самоволие | ср.
Постапување според својата волја, без ограничување и без почитување на вообичаеното однесување. Самоволие на раководството. Самоволие на селаните.
самоволник | м.
Тој што работи според својата волја.
самовоспита се | св.
Се воспита самиот себеси.
самовоспитание | ср.
самовљубен | прид.
Што се вљубил, што е обземен од љубов кон себеси. Самовљубен човек.