скифист | м.

Возач на скиф.

скица | ж.

Графички приказ, цртеж, нацрт на слика, на статуа или на архитектонско дело.

скицира | св. и несв.

Направи, прави скица. Учениците го скицираа моделот што стоеше пред нив. Архитектот ја скицираше куќата полека, но со душа. Тој само го скицираше својот најнов роман.

скија | ж.

Спортски реквизит за лизгање по снег, вода и сл.

скија (се) | несв.

Се лизга со скии. Тој многу добро (се) скија. Тие се скијаа на една стрмна падина како вистински професионалци. Во далечината некој (се) скијаше на вода, го влечеше глисер.

скијач | м.

Лице што се лизга со скии.

скијање | ср.

Глаголска именка од скија (се).

склав | м.

Роб, заробеник.

Склавин | м.

Припадник на племе од Јужните Словени.

склад 1 | м.

Специјална просторија за чување материјали; магацин. Има на склад. Склад со прехранбени продукти. Житни складови. Тутунов склад.