склад 2 | м.

Согласност, сообразност, хармонија меѓу две или повеќе нешта. Склад на бои. Во склад со неговото мислење. Не е во склад со досегашните наши настојувања за решавање на проблемот. Тоа е во полн склад со природата.

складен | прид.

Што е во согласнот, во хармонија со нешто друго; хармоничен. Складни бои. Складен распоред. Складна композициска структура. Складни движења.

складира | св. и несв.

Смести, сместува на определено место (склад, магацин и сл.). Таа ги складираше писмата по чекмеџињата во кои држеше лични документи. Фабриките за масла го складираат семето во силоси.

складиште | ср.

Царински складишта.

складиштен | прид.

Што се однесува на складиште. Складиштен простор.

склап | м.

Речен бран, место каде што бранот вода удира во брегот на реката и пак се враќа во коритото.

склапеј | м.

Воден бран.

склепа | св.

Изработи нешто површно, на брза рака и неквалитетно. Ја склепаа бараката за неколку дена. Склепа неколку грниња.

склероза | ж.

Стврднување на ткивото на некои органи со таложење на соли. Склероза на крвните садови.

склерозен | прид.

Што се однесува на склероза. Склерозни појави.