скисели | св.
Направи нешто да стане кисело. Оваа година не скиселивме краставички за зимница. Тој скиселува зелка секоја година.
скиснат | прид.
Глаголска придавка од скисне.
скисне (се) | св.
а) За тесто ‒ нарасне под дејство на квасец. Лебот скиснал, втасал за печење. б) За храна ‒ се скисели, добие лош вкус, се расипе. Гравот скиснал. Манџата се скиснала.
скита | несв.
Оди без цел од едно место до друго; безделничи. Тоа лето тие скитаа по манастирите. Бесцелно скиташе по улиците.
скиталец | м.
скитач | м.
Тој што постојано скита; скитник, скиталец. Стана скитач со празна торба на рамото.
скитне | св.
Скита малку, во ограничена мера. Еден ден скитна низ планината и донесе мало мече.
скитник | м.
Човек што не се задржува долго на едно место, без постојано живеалиште; скитач, скиталец. Вечен скитник. Скитник и безделник. Витез скитник. Бегајќи од војната станавме скитници.
скитништво | ср.
Скитнички живот, скитање. По толку години скитништво и бездомен живот, научи како да преживее.
скиф | м.
Лесен тесен чун за еден возач; дисциплина во веслачкиот спорт. Натпревар во скиф.