склеротик | м.

Лице болно од склероза

склеротичен | прид.

Што се однесува на склероза, што е зафатен од склероза. Склеротичен процес. Склеротични крвни садови.

склештен | прид.

Што е фатен како со клешти. Склештени раце. Склештени заби.

склешти | св.

Фати нешто како со клешти да не може да мрда; приклешти.

склон | прид.

Што е наклонет кон нешто, што има афинитет, склоност кон нешто. Тој е склон кон уметноста.

склони | св.

Наслони, наклони, навали, наведне. Ја склони главата на перницата. Сонце склонило на ручек. (нар. поез.) 2. (прен.) Наговори, натера некого на нешто. По многу убедувања го склони на разговор. Ја кандисаа да склони и да се премажи.

склоп | м.

Состав, структура. Во склопот на фестивалот се одржа посебна програма посветена на јубилејот. Во склопот на сите овие податоци треба да се оценува делото. Среќен склоп на околности.

склопец | м.

Мал дрвен сад со поклопка за носење храна (сирење, сол, пиперки и др.). Во торбата имаше само леб и дрвен склопец со сол.

склопи | св.

Состави, поврзе, соедини делови од нешто. Детето работеше цело претпладне и склопи еден вид кафез. Работниците брзо ги склопија скелињата и веднаш почнаа со работа. Тој по голема мака ја склопи играчката.