сколастичен | прид.

Што е својствен на сколастиката, што има обележја на сколастиката

сколободија | ж.

Хаос, неред. Одеднаш се најде во некоја сколободија.

сколовранец | м.

Појна птица преселница; Sturnus vulgaris.

скомина | ж.

Истрпнување на забите при јадење на нешто кисело. Забите му фатија скомина од зелените сливи што лакомо ги јадеше.

скомраз | м.

Одвратност, гроза. Скомраз му е од таа работа. Со чувство на скомраз свика девојката. Ќе се испотепаат меѓу себе од лакомија и скомрази.

сконтира | св. и несв.

Пресмета, пресметува сконто, даде, дава попуст.

сконто | ср.

Во проценти изразен попуст од фактурниот износ што му го дава продавачот на стоката на купецот.

сконцентрира | св. и несв.

скончание | ср.

Крај на животот, смрт; скончило. Тука му било сканчанието. Часот на скончанието.