скончи | св.
Сврши, заврши, обично со животот. Скончи со животот. Не се знае колку ќе живее, кога и каде ќе скончи. Ако не сконча на туѓина, ќе се врати дома згрбавен старец.
скончило | ср.
Крај, свршувачка на нешто, обично на животот; скончание. Скончилото на светот.
скопа | св.
Обработи со копање. Го скопале компирот (тутунот, гравот, лозјето).
скопак | м.
Скопен човек; евнух, адам.
скопец 1 | м.
скопец 2 | м.
Метална кукачка, направа за закопчување, копец. Машки скопци.
скопи | несв.
Отстранува полни жлезди од човек или од животно; кастрира. Селаните сакале да го скопат. Денес ќе ги скопат нерезите.
Скопска Црна Гора | ж.
Планина во Македонија.
скопчи | св.
Поврзе цврсто едно нешто со друго. Ги скопчи прстите во косата. Му ги скопчи рацете околу вратот и почна да го дави.
Скопје | ср.
Главен град на Северна Македонија.