скоковит | прид.

Што се изведува во скокови, нерамномерно. Скоковит развој. Скоковит напредок.

скокот | м.

Слабо дразнење предизвикано од лесен допир по кожата или на осетливи места што предизвикува смеа. Има скокот. По телото му проструи пријатен скокот. Почувствува лесен скокот по табаните.

скокотка | несв.

Со лесен допир ја дразни кожата со цел да предизвика смеа. Мајката го скокоткаше синчето за да се насмее. Сламчиња од сеното ми ги скокоткаа нозете.

скокотлив | прид.

Што е чувствителен или претерано чувствителен на скокот. Децата беа претерано скокотливи и на најмал допир се смееја заразно.

скокум | прил.

Со скокови, скокајќи со скокови. Тие скокум се нафрлија на момчето. Станува скокум. Се искачи скокум по скалите.

сколастик | м.

Приврзаник на сколастичката филозофија

сколастика | ж.

(филоз.) Филозофија на средниот век заснована на христијанското учење и во служба на теологијата.