скорави | св.
Образува кора. Студениот ветер им ги скорави лицата на војниците. Мокрите алиште скоравеа на студот.
скорашен | прид.
скорбут | м.
Болест што се развива поради исхрана сиромашна со витаминот Ц. Скорбутот се јавува кај човекот и кај животните при недостаток на витаминот Ц во исхраната.
скорбутен | прид.
Што се однесува на скорбут. Скорбутни симптоми.
скорен | м.
Чизма. Војнички скорни.
скорец | м.
скорешен | прид.
Што е од скоро време, од неодамна. Тие се скорешни, новопечени богаташи.
скорива | несв.
скорија | ж.
Останки од изгорен јаглен, железо и сл.; згура.
скорлави (се) | св.