скорне | св.
Прекине сон некому. Мајката ги скорна децата за на училиште. Таман се обзорило, тој ги скорнал браќата за да трганат на пат.
скоро 1 | прил.
Не многу одамна. Сега скоро дојде кај нас. До скоро не се знаеше ништо за него. Скоро се врати од туѓина. Скоро се оженил, па уште немале деца. Скоро купи машина за шиење.
скоро 2 | прил.
Речиси, за малку. Скоро цел живот тоа го посакуваше. Скоро сум готов со работата, уште сосема малку. Ми зборуваше скоро молејќи ме. Беше скоро невозможно да се случи тоа.
скороевец | м.
Човек што од скоро се збогатил или се пробил во високите кругови во општеството и се однесува во стилот на тие слоеви.
скорпион | м.
скорпија | ж.
(зоол.) Ситно животно од редот на членконогите, со осум нозе и вилица во форма на штипалка, со боцка на опашката, т.е. отровна жлезда; чкрапја, шкорпија; Euscorpius flavicaudis.
скоруша | ж.
скорчав | прид.
Обично за дрво ‒ што има тврда кора, глуждови, што тешко се сече. Скорчаво дрво.
скорша | ж.
скоси | св.
искоси1