скот | м.
Животно. Се собрале сите шумски скотови.
скотна | прид.
За кучка и за диви животни: зајачица, мечка и др. ‒ што носи во себе плод. Кучката била скотна.
скотност | ж.
Состојба на оплоденост кај зајачици, кучки и др. Скотноста кај зајачиците трае 30 дена.
скотски | прид.
Што е својствен на скот, како кај скот. Скотски живот. Скотска работа.
скотство | ср.
Особина, карактеристика на тој што е груб, некултурен, што се служи со ниски постапки, подлост.
скотштина | ж.
Пројава на морално низок човек;
скочанет | прид.
Што загубил подвижност, чувствителност. Скочанет врат. Скочанети прсти. Скочанети тела лежеа на брегот.
скочани | св.
Изгуби подвижност, чувствителност; здрви (од студ, поради болест и сл.). Студот им ги скочани прстите на перачките.
скочен | прид.
Што се однесува на скок, што е во врска со скок. Го боли скочниот зглоб.
скраен | прид.
Што се наоѓа на крајот, што е скраја. Од скрајните падини се огласија истрели. Ене онаа, скрајната куќа е негова.