скрака | св.
Почне наеднаш да крака. Скракале кокошките, изгледа им влегла лисица.
скрама | ж.
Кожичка што се фаќа по површината на течности од долго стоење. Застоената вода имаше бела скрама помешана со суви лисје.
скрапла | ж.
скрастави | св.
Покрие со красти, зарази со красти, фати красти. Во такви услови, скрастави целиот по телото.
скрастоса (се) | св.
скратен | прид.
Што има помал обем, големина од претходно, како резултат од скратување. Скратено работно време. Скратена форма.
скратеница | ж.
Скратено напишан збор. (бр. ‒ број, г‒ѓа ‒ госпоѓа, проф. ‒ професор), сложен израз (итн. ‒ и така натаму, сл. ‒ слично) или назив (МАНУ од Македонска академија на науките и уметностите, ИМЈ од Институт за македонски јазик, ООН ‒ Организација на обединетите нации).
скрати | св.
Направи нешто да биде кратко или пократко. Шивачката го скрати фустанот една педа. Уредникот му го скрати написот на младиот новинар. Наставникот ни го скрати часот за пет минути.
скраја | прил.
Далеку, многу далеку. Скраја од патот, во предградието живееше таа. Отиде да работи скраја.
скрб | м.
Длабока душевна болка; тага, јад. Срцето е полно со скрб. Со скрб во душата замина на туѓина.