скрбен | прид.

Што исполнет со скрб, што изразува скрб. Скрбно срце. Скрбна вест. Скрбна мајка. Скрбен поглед.

скрби | несв.

Чувствува скрб; тагува. Кога несреќата ќе удри на еден, сите скрбиме. Мајката скрби по синот.

скрвавен | прид.

Покриен, прелиен со крв. Со скрвавени очи од неспиење.

скрвави | св.

Покрие, прелие со крв. Го скрвави од ќотек.

скрви се | св.

Се скара крвно со некого. Со комшиите толку се скрвија, ни добар ден не си викаат.

скрди | св.

Обично за добиток ‒ собере во крдо. Го скрди добитокот и го остави да пасе на ливадата.

скреба | ж.

Растение што се вие околу друго растение, повит; Clematis vitalba. Газеа по младите пченици, опашани со ѓурѓовденско цвеќе и со скреби и пееја.

скреж | м.

По гранките на дрвјата се нафаќал густ скреж.

скрежен | прид.

Што се однесува на скреж. Скрежната превлака на вирчето се здроби под неговите нозе.