скрежец | м.
Штурец, црцорец; Gryllus.
скрежов | прид.
Бели скрежови укити на гранките.
скрежовен | прид.
Скрежовно утро.
скрека | св.
За жаба ‒ почне одеднаш да крека. Скрекаа жабите во мочуриштето.
скреска | св.
За птица ‒ почне одеднаш да креска. Кусото петле скрескува наеднаш. Страчката скреска на дрвото во дворот.
скржав | прид.
Што не троши многу, што штеди многу. Скржав домаќин. Скржав трговец.
скржавец | м.
Скржав човек. Тој е богат скржавец, ништо не троши и сè држи под клуч.
скржави | несв.
Пројавува скржавост. Тој скржави дури и на јадење.
скржавштина | ж.
Однесување на скржавец, прекумерна скржавост. Неговата скржавштина била прочуена.
скрже | ср.
Некрстено дете.