самоглавец | м.
самоглавник | м.
Човек што останал сосема сам, без семејство.
самогласен | прид.
Што се однесува на самогласка; вокален. Самогласна функција.
самогласка | ж.
Глас што се изговара со слободно поминување на воздушната струја; вокал. Акцентирана самогласка. Изговор на самогласките.
самодеен | прид.
Што дејствува сам, без помош од страна, на аматерска основа. Самодејна активност. Самодеен уметник.
самодеец | м.
Тој што дејствува сам, без помош од други, на аматерска основа. Скулптор – самодеец.
самоделен | прид.
Што е со рачна изработка, недоволно стручно; аматерски. Самоделна шупелка. Самоделско луле
самодејност | ж.
Состојба на тој што дејствува по сопствена иницијатива.
самодива | ж.
самодисциплина | ж.
Дисциплина во сопственото држење, однесување, навики, наметната од себеси. Железна самодисциплина. Таа работа бара самодисциплина.