самодоверба | ж.

Доверба во себеси, во сопствените можности и способности. Силна самодоверба. Полека тој си ја поврати самодовербата.

самодоволен | прид.

Задоволен од самиот себеси; Самодоволен човек.

самодокажува се | несв.

Самиот ги докажува сопствените вредности пред себеси и пред светот.

самодопадлив | прид.

Што е допадлив на самиот себеси; што се допаѓа на себеси. Самодопадлив гест.

самодржавен | прид.

Што се однесува на самодржавие и самодржавје.

самодржавие | ср.

Неограничена власт на владетелот; систем на управување на државата со неограничена власт. Самодржавието ја ограничува слободата на поединецот

самодржец | м.

Тој што има неограничена власт; апсолутен владетел.

саможив | прид.

Што живее само за себе; егоистичен. Саможив владетел. Саможивен љубовник. Саможивни луѓе

саможивник | м.

Тој што живее мислејќи само на себеси и на своите потреби, егоистичен човек; Имаше семејство, но сепак беше саможивник. Бездушен саможивник.