слабо- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење слаб: слабоволен, слабодушен, слабокултурен и др.

слабоволен | прид.

Што е со слаба волја. Слабоволни граѓани. Слабоволни ученици.

слабоволие | ср.

Отсуство на силна волја.

слабодушен | прид.

Што е слаб по дух; малодушен. Слабодушен по природа, не можеше да му се спротивстави на татко си.

слабокарактерен | прид.

Што се одликува со слаб карактер. Слабокарактерен човек.

слабоквалитетен | прид.

Што е со слаб квалитет. Слабоквалитетни производи. Слабоквалитетен штоф.

слабокрвен | прид.

Што страда од слабокрвност; анемичен. Слабокрвно дете.

слабонаселен | прид.

Што нема многу население. Слабонаселен крај.

слабоосветлен | прид.

Што не е добро осветлен, што е со слаба светлост. Слабоосветлена улица. Слабоосветлена крчма.