слабописмен | прид.
а) Што не умее добро да чита и да пишува. Слабописмени селани. Слабописмени ученици. б) Што не познава доволно некоја област на знаењата. Музички слабописмен.
слабопрооден | прид.
Што е непрооден, низ кој тешко се минува. Слабопроодна шума. Слабопроодни предели.
слабост | ж.
Состојба на немоќ, телесна и духовна; недостиг на сила, енергија. Почувствува слабост при помислата на утрешната средба. Го обзеде слабост, нозете и рацете му трепереа. Ја совлада слабоста, се прави силен пред другарите.
слабота | ж.
слаботија | ж.
Телесна слабост, немоќ, мршавост. Тој беше за грев, слаботија, едвај стои на нозе.
слабоумен | прид.
Што е умно неразвиен, заостанат, глупав; малоумен. Слабоумен човек.
слабоумие | ср.
Состојба на слабоумен, недоволна умствена развиеност. Вродено слабоумие. Старечко слабоумје
слабоумник | м.
Човек што не е умствено развиен, слабоумен. Ги нападна еден неранимајко и слабоумник. Му придавате многу значење на еден слабоумник.
слабуникав | прид.
слабушен | прид.