сламеница | ж.

Куќа или колиба покриена со слама.

сламка | ж.

Едно стебленце слама. На капата имаше сламки и пајажина. Се истресе од сламките.

слана | ж.

Смрзната роса, бела како снег. Падна првата слана оваа есен. Сланата ги попари посевите.

сланина | ж.

Мрсен поткожен слој кај свињата или кај некои други животни од кој се топи сало. Свињи што се чуваат за месо и свињи што се чуваат за сланина.

сланлив | прид.

Што е покриен со слана. Сланлива нива. Сланливо лозје.

сланоса | св.

Фати слана, попари слана. Слана го сланоса полето.

сланосан | прид.

Глаголска придавка од сланоса.

слануток | м.

Едногодишно растение чии семки служат како храна (леблебии), а печени и мелени како сурогат на кафето; наут; Cicer arietinum.