следбеник | м.
Тој што доаѓа по некој друг на некое место, функција и сл. Неговиот следбеник ја продолжи неговата работа.
следбеништво | ср.
Следување по нешто; приврзаност.
следен | прид.
Што е најблизок по време, место, ред и сл. по дадениот, по тој што е актуелен во моментот. Следниот понеделник. Следниот пат. Во следните минути следуваше разврската на драмата. Тоа ќе го правиме во следната фаза.
следени (се) | св.
следи | несв.
а) Оди по некого или по нешто. Гостилничарот го следел гостинот до собата. Песот го следел крадецот. Сè до бродот некој постојано ќе ве следи во чекор. б) Оди по трага на човек или животно. Ловџиите ја следеле трагата на волкот додека не го убиле.
следователно | сврз.
Врзувачко средство со значење: на тој начин, според тоа, значи. Вие ми велите да останам, следователно да ја прифатам работата. Следователно на она што го работеа, се јавија мали недоразбирања.
следствено | сврз.
следува | несв.
(обично само во 3 л.)
следување | ср.
Глаголска именка од следува.
слее | св.
Соедини во една целост; поврзе неразделно. Својот глас го слеа со хорот. Борбата нè слеа цврсто.