саможивништво | ср.

Состојба на тој што е саможивец / саможивник.

саможртва | ж.

Жртвување на себеси; Решителна саможртва. Чин на саможртва. Саможртва за татковината.

саможртвен | прид.

Што се однесува на саможртва. Саможртвен подвиг.

саможртвува се | св. и несв.

Се жртвува себеси; Тој свесно се саможртвуваше. Многумина се саможртвуваа за слободата.

самозаборав | м.

Заборавање на себеси, на своите потреби; занесеност. Љубовен самозаборав. Плачеше до самозаборав.

самозаборава се | несв.

Се заборава себеси. Се самозабораваше од опиеноста од таа девојка.

самозаборави се | св.

Се заборави себеси, се најде во состојба на самозаборав. Од неочекуваниот успех се самозаборави.

самозадоволен | прид.

Што е уверен во сопствените способности и достоинства. Самозадоволен израз. Самозадоволна насмевка.

самозадоволи се | несв.

Задоволи себеси, своите потреби со сопствени сили. Се самозадоволи, а на другите не ни помисли.

самозадоволство | ср.

Состојба на тој што е задоволен со самиот себеси.