самозалаже се | св.

Залаже, убеди, занесе самиот себеси во нешто. Се самозалажа дека тој глас е само привидение.

самозапалив | прид.

Што од себе самиот може да се запали. Самозапалив материјал.

самозапалување | ср.

Самоубиство со спалување, обично во знак на протест.

самозаштита | ж.

Заштита со сопствени сили и средства на себеси, на личната сопственост и интереси. Самозаштита на населението. Обука за самоодбрана и самозаштита.

самозаштити се | св.

Се заштити со сопствени сили и средства. Се самозаштити на сите можни начини.

самозван | прид.

Што самиот се смета, се прогласува за нешто. Самозван добротвор. Самозван водач.

самозванец | м.

Тој што самиот се претставува за нешто, без да има знаење, способност, право за тоа. Работел како лекар самозванец. Татко самозванец.

самоизгнаник | м.

Тој што самиот се казнил со прогонство.

самоизградба | ж.

Образование, изградување на сопствената личност, самостојно без туѓа помош. Тој многу вложи во личната самоизградба.