слободник | м.
Човек пуштен на слобода.
слободнички | прид.
Што се однесува на слободник.
слободништво | ср.
Состојба на слободник.
слободно | прил.
На слободен начин, без забрана и ограничување. Живее слободно. Оди слободно по патот. Слободно седеа пред дуќанот. Слободно влези во дворот.
слободоумен | прид.
Што се одликува со слободоумје. Слободоумни интелектуалци. Слободоумна жена.
слободоумие | ср.
Слободен, независен начин на мислење
слободоумник | м.
Тој што е слободоумен, слободоумен човек.
слободољубец | м.
Човек што ја љуби слободата.
слободољубив | прид.
Што се одликува со слободољубие. Слободољубив народ. Слободољубиви чувства. Слободољубиво движење.
слободољубие | ср.
Љубов кон слобода, стремеж, копнеж за слобода; слободољубивост. Исполнет со слободољубје