слинка | ж.

Слузава течност што ја лачат жлездите во устата на човекот и на животните; лига. Му течат слини. Си ги поголтна слинките.

слисан | прид.

Зачуден, збунет; смајан. Остана слисан.

сличен | прид.

Што личи на некого, што личи на нешто. Слични фустани. Слични слики. Слични прашања ме измачуваа. Песни со слични мотиви.

слобода | ж.

(филоз., соц.) Можност за независно, недетерминирано, автономно формирање на сопствена волја и дејствување без постоење на принуда или притисок; можност на човекот да ги оствари своите цели и стремежи. Граѓанска слобода. Слобода на вероисповед. Слобода на волјата. Слобода на движење. Слобода на мислење. Слобода на личноста.

слободар | м.

Оној што е поборник за слобода.

слободарство | зам.

Севкупност на погледите и уверувањата што се стремат кон постојан процес на ослободување; движење за слобода. Стремеж за слободарство. Оживеа идеалот за вистинољубивост, за слободарство, за патриоти

слободен | прид.

Што не е покорен, поробен, што не под нечија власт; независен, самостоен. Слободна држава. Слободен народ. Слободен живот. Слободна територија.

слободија | ж.

(арх.) слобода.