слободњак | м.
Словачка | ж.
Држава во Европа.
Словен | м.
Припадник на древна група племиња, од кои потекнува словенската група индоевропски народи.
словенизам | м.
Збор или израз во несловенски јазик земен од некој од словенските јазици, или општо, сфатен како словенски елемент.
словенизација | ж.
словенизира | св. и несв.
Направи, прави словенски по јазик, по обичаи и по други карактеристики; врши словенизација. Словенизирано население.
Словенија | ж.
Држава во Европа.
словенофил | м.
Приврзаник на словенофилството.
словенофилски | прид.
Што се однесува на словенофил и словенофилство. Словенофилски идеи. Словенофилска политика. Словенофилска ориентација.
словенофилство | ср.
Пристрасност кон сè што е словенско.